Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Борбата и делото на Гоце Делчев за Македонија се безвременски, така и ќе остане за следните генерации

Ad553898 51cf ddea 1cea d7e178923b9a.jpg

„Денешниот ден не потсетува на тоа колкав голем титан, македонскиот народ имал, којшто имал не само локално, би рекол регионално па и пошироко значење. Неговата борба за Македонија, неговата хуманост, неговото дело се безвременски и така и ќе остане за генерациите коишто следат.

MK Summit

Оваа генерација политичари во македонската Влада има чест да го пренесе сеќавањето за неговото дело на оние генерации коишто следат, но истовремено и достојно да го чува и негува. Кога велам да го чува и да го негува да ја пренесува вистината, онаа вистина каква што вистински се случувала, а невистината којашто за жал некој се обидуваат да ја искриват и во колективната меморија на македонскиот народ.


Во минатото имаше обид за инженеринг за таа вистина да биде поинаква. За среќа тоа е веќе минато, а наша обврска е вистинската вистина да ја пренесеме на идните генерации за овој голем македонски титан Гоце Делчев”, истакна претседателот на владата Христијан Мицкоски.

Можете да прочитате

Стефан Лазаров за скандалозниот предлог данок на Мицкоски: Со вакви услови за живот само ќе ги натерате младите кои не се во брак побрзо да си заминат од Македонија

Тошковски: Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога

Метеж на Табановце и Богородица – се чека по 20-30 минути за влез и излез!