Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Барам смена на Љупчо Коцевски, не си ја врши својата работа добро

Image 2025 11 18 203927677.png

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во „Топ тема” на ТВ Телма се осврна на работата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, потенцирајќи дека ниту тој лично ниту јавноста не е задоволна од неговата работа и логичен слет на настани би било негова смена.

„Кога разговараме и кога ви велам дека не сум задоволен лично јас, но и јавноста од работата на јавниот обвинител, тогаш логичен след на настани после така јавно искажан збор е негова смена, многу јасно”, потенцираше Мицкоски.

Тој исто така додаде дека граѓаните акламативно мислат дека Коцевски не си ја врши својата работа доволно добро, а буџетот кој го добиваат е поголем од 75% од земјите на ЕУ.

„Најголемиот дел од граѓаните, огромен дел, би рекол акламативно мислат дека не си ја врши својата работа доволно добро и ако е политичката цена да ја платам и да бидам повторно дел од извештај во којшто ќе бидам критикуван, а притоа буџетот којшто го добиваат е очигледно поголем од 75% од земјите членки на ЕУ, нивни колеги, тогаш  мислам дека некој треба да си го стави прстот на чело и да размисли што прави”, додаде Мицкоски.

Можете да прочитате

ДЗР: Неправилности во работењето на прилепската болница во 2024

Мицкоски: Не ја искористија шансата обвинителството и судството да се борат против криминалот, затоа имаат најниска доверба

Мицкоски: Судскиот процес за трагедијата во Кочани мора да се одвива без политичко влијание, иако некои се обидуваат на него да градат политичка кариера