Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Ја консолидиравме државата, ќе ја развиваме да биде таква каква ја посакуваат граѓаните

20260212105026 big 730x400 18.webp.webp

Премиерот Христијан Мицкоски очекува годишната инфлација да се стабилизра под три проценти и месечен негативен тренд, што, како што посочува е реазултат на водењето политики кои се во интерес на стандардот на граѓаните и на консолидирање на состојбите во државата. Конечно, вели, државата е консолидирана и ќе се развива онаква каква што ја посакуваат граѓаните.

-Како што кажав во неколку наврати оваа година очекувам да се стабилизираме под три проценти со годишната инфлација. Очекувам некој месечен негативен тренд, односно опаѓање споредено со минатата година. Минатата година во јануари месец имавме кошничка, така што очекувам оваа година да се движиме тука некаде околу три проценти. Нешто можеби под или над три проценти, со тоа што ќе имаме негативна тенденција на месечно ниво, изјави премиерот во одговор на новинарско прашање по поставувањето камен-темелник  на спортска училишна сала во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае, Општина Карпош.

Вели дека во деновите кои следат ќе имаме објавување на тие параметри и точно ќе се знаат бројките.

-Водиме домаќински политики. Водиме политики кои што се во интерес на стандардот на граѓаните. Така работевме досега во насока на консолидирање на состојбите во државата. Од една хаотична ситуација, распаднат институции, уништен систем, доаѓаме во ситуација да можеме да кажеме дека конечно сме консолидирани. Сега е потребно да ја развиваме Македонија онаква како што ја посакуваат сите граѓани, изјави Мицкоски. 

Можете да прочитате

Мицкоски: Владата проактивно работи на реновирање на туристички сместувачки капацитети, очекувам 2026 година да имаме раст на бројот на туристи

СДСМ: Лагите за правилникот и законот нема да го тргнат прашањето: Како 5 тони поминаа граница

Одбраната на Васев ги оспорува вештачењето и лиценцата на вештакот од Словенија