Иако цел живот беа ривали како капитени на Реал Мадрид и Барселона, Серхио Рамос му пратил порака на Лионел Меси и неговото семејство дека можат да се вселат во неговиот дом ако им пречи да живеат во хотел.
Вчера беше објавено интересно . во кое Рамос телефонски му посакува добредојде во Пари Сен-Жермен, а сега според шпанскиот весник „Ел Паис“ сите стари недоразбирања се надминати и дека Рамос е подготвен да го дели домот со Аргентинецот.
Меси моментално живее во хотелот „Ел ројал Монсо“, како и сите засилувања на Пари Сен-Жермен пред да си најдат домови. Таму живееше и Рамос пред да најде дом во областа Нои-сур-Сен, каде што живеат и капитенот Маркињос и Ахел ди Марија.
Од „смртни непријатели“ до соиграчи – Рамос и Меси почнаа пријателски
> „Mi casa es tu casa“ – Рамос го поканил Меси да живее во неговиот дом! <