Утрински Весник
Свет

Метеоролозите во Лос Анџелес со најави за нови силни ветрови

Los Andzeles Pozar 02.avif.avif

Противпожарната служба на Лос Анџелес предупредува на опасни временски услови што би можеле повторно да ги разгорат пожарите во метрополата на Западниот брег на САД.

– Сушните услови и брзите ветрови предизвикуваат висок ризик од пожар во пошироката област на Лос Анџелес, рече началникот на пожарникарскиот округ на ЛА, Ентони Мароне.
Прогнозите на метеоролозите се дека сувите ветрови од Санта Ана, со брзина од 80 до 112 км/час, ќе продолжат денеска и утре и ќе продолжат до среда. Националната метеоролошка служба издаде црвено предупредување за „особено опасна ситуација“. „Ветерот може да предизвика пожарите да се шират експлозивно“, се вели во соопштението.


Шефот на пожарникарите во Лос Анџелес Кристин Кроули јасно стави до знаење дека опасноста се уште не е избегната.
„Се уште не сме на чисто“, изјави таа.

Шерифот на округот Лос Анџелес Роберт Луна нагласи дека службите за итни случаи продолжуваат со потрагата по исчезнати лица во погодените области. Досега се потврдени вкупно 24 загинати.

Според полицијата, во врска со пожарите досега се уапсени 14 лица. Осомничените се приведени за прекршување на полицискиот час, оштетувања, вандализам и кражба во продавници.

Официјалните лица го предупредија целото население на округот Лос Анџелес од речиси 10 милиони да биде подготвено за евакуација. Пожарникарите од седум држави, Канада и Мексико веќе пристигнаа во областа на Лос Анџелес за да им помогнат на противпожарните станици во Калифорнија.

Можете да прочитате

Украински војник: Во споредба со Севернокорејците, Вагнерците беа деца

Американците планираат да го уништат гасоводот Турски тек, тврди Москва

Членки на ЕУ во „офанзива“ против руските енергенси