Утрински Весник
Македонија

МЕТЕОРОЛОШКА НАЈАВА ЗА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА: Таа ќе биде топла и врнежлива, со можност за невреме!

Webp worker commands 5684b7b559 c6sdx 6fe5cac1a363ec1525f54343b6cc9fd8 lvjh2p 768x384 1.webp.webp

Според моменталните анализи со кој располагаме, со помош на најпрецизниот нумерички модел (ECMWF – Европски центар за среднорочна прогноза), следната седмица ќе биде и понатаму пролетно топла, иако календарски се сеуште зима, но и со повеќе врнежи.

Најмногу врнежи ќе имаме во понеделник и во вторник, кога е можна појава и на локално невреме со електрични празнења и со појава на град.

Заследете ја мојата официјална фејсбук страница Славчо Попоски – МЕТЕО Прогнозер и мојот официјален инстаграм профил https://www.instagram.com/slavchopoposki/

Мора да напоменеме дека на повеќе места, особено во понеделник ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (повремено со брзина од над 70 км/час). Остануваат високите пролетни температури на воздухот, што значи нема да се менуваат во однос на овие што ги имаме за време на викендов.

Топло ќе биде  и во најголемиот дел од Европа.

Славчо Попоски

Можете да прочитате

Рудник САСА ја започна еко кампањата „Твојата грижа за планетата вреди х2“

На 30 март почнува судењето против Стојанче Николовски

Нов случај на измама во Тетово