Утрински Весник
Македонија

МЕТЕОРОЛОШКА НАЈАВА ЗА НОВАТА СЕДМИЦА КОЈА Е ПРЕД НАС: Таа ќе биде топла и врнежлива, постои можност за невреме и значително количество на дожд

Webp Worker Commands 5684b7b559 C6sdx 6fe5cac1a363ec1525f54343b6cc9fd8 Lvjh2p 768x384 1 1.webp.webp

Метео анализа на Славчо Попоски:

Според моменталните анализи со кој располагаме, со помош на најпрецизниот нумерички модел (ECMWF – Европски центар за среднорочна прогноза), седмицата која е пред нас  ќе биде и понатаму пролетно топла, иако календарски се сеуште зима, но и со повеќе врнежи.

Најмногу врнежи ќе имаме во утре и во вторник, кога е можна појава и на локално невреме со електрични празнења и со појава на град.

Заследете ја мојата официјална фејсбук страница Славчо Попоски – МЕТЕО Прогнозер и мојот официјален инстаграм профил https://www.instagram.com/slavchopoposki/

Мора да напоменеме дека на повеќе места, особено  утре ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (повремено со брзина од над 70 км/час). Остануваат високите пролетни температури на воздухот, што значи нема да се менуваат во однос на овие што ги имаме за време на викендов.

Топло ќе биде  и во најголемиот дел од Европа.

НАПОМЕНА: Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја, исто така локално се очекува позначително количество на воден талог (над 25 литри). Доколку се случат овие врнежи за  краток период, и тоа поради очекуваната нестабилност можни се локални краткотрајни поплавувања.

Можете да прочитате

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал