Утрински Весник
Македонија

“МЕТЕОАЛАРМ” ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Свежо, променливо и ветровито време, со услови за слаб дожд!

Frost 076 Crop.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Викендов времето во Македонија ќе биде променливо облачно и релативно свежо со сончеви периоди, а ќе дува  и слаб до умерен ветер од југоисточен правец, и истиот, особено до крајот на денешниот ден и Долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет.

Ќе има услови и за слаб локален дожд, особено во западните предели.

Во Скопје  и околината викендов ќе имаме слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен, а до крајот на денешниот ден  повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени. Во Скопје максималната температура викендов ќе се искачува во интервалот помеѓу 18 и 19 степени.




Можете да прочитате

Седница на Унијата на албански општини низ Балканот – Касами најави Иновативен центар, младите ќе се обучуваат за пазарот на трудот

Инцидент во Битола: Дел од плафонот паднал во Големата сала во Центарот за култура 

Инцидент во Битола: Дел од плафонот паднал во Големата сала