Утрински Весник
Македонија

МЕТЕОАЛАРМ РАНА НАЈАВА: Од 26 септември голема временска промена, многу врнежи и значително ладно!

Meteoalarm.mk 77.png
Dik 300x250 mk

Метео анализа на Славчо Попоски:

Уживајте во убавото време со многу сонце  и пријатна летна топлина преку ден се до 25 септември. До тогаш нашата Република Македонија ќе биде под влијание на Антициклон и во поле на висок воздушен притисок. Температурите на повеќе места ќе надминуваат 25 степени, односно тие ќе се движат близу 30 степени, а во Повардарието како и во Скопскиот регион тие повремено ќе надминуваат  и 30 степени. Утрата остануваат и понатаму свежи.


Веќе од 26 септември па во деновите потоа ни следува голема временска промена, односно, зголемување на облачноста, намалување на воздушниот притисок и повлекување на Антициклоналниот гребен. Во ваква ситуација ќе имаме значително почести и пообилни врнежи од дожд, значително ладно време поради продор на значително поладен воздух од север, а самиот крај на овој месец како и во почетокот на октомври можна е  и појава на првите врнежи од снег на планините за оваа сезона.

Можете да прочитате

Ужас во Скопје: Татко ја силувал малолетната ќерка

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите позиции за Македонија

Македонија и Бугарија ќе го потпишат Договорот за изградба на меѓуграничниот железнички тунел