Утрински Весник
Македонија

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следуваат обилни врнежи од снег

Meteoalarm.mk 27.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Поради продор на многу ладен воздух од север, врнежите кои ги имаме во следните часови ќе се интензивираат а снежната граница полека ќе се спушта па така врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег  и на пониските места (градовите) а сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од јужен а потоа  и од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Температурите во следните часови значително ќе опаѓаат и на повеќе места ќе се формира снежна покривка.

Во западна Македонија во градовите ќе се формира снежна покривка со висина од 5 до 10 сантиметри а локално може и повеќе додека на повисоките  и на планинските места таа ќе се зголеми за над 30/40 сантиметри. На другите места снежната покривка ќе биде помала.

Локални врнежи од снег ќе имаме  и утре (Недела 11 Јануари) проследени со засилен ветер од северен правец.

Поради заладувањето и ниските температури очекувам појава  и на голомразица па токму поради ова апелирам доколку патувате да бидете крајно внимателни, особено доколку патувате кон планинските превои. Веќе утре (Недела 11 Јануари како и во Понеделник 12 Јануари) во поголем дел од Македонија очекуваме ледени денови одоносно температурите и преку ден ќе бидат под нулата. Екстремно ладно утро очекуваме во понеделник (12 Јануари) кога температурите на повеќе места во Македонија ќе се спуштаат до околу па  и под -10 степени а локално тие ќе се спуштат  и до околу -15 степени. На повисоките  и планинските места температурите ќе се спуштат до околу -20 степени.

Се на се пред на е вистинска зима па така викендов ќе биде идеален за скијање на Скијачките центри во Македонија па затоа искористете го максимално.

Можете да прочитате

Колку години треба да работите за да купите стан од 60 м²?

Андоновски: Владата останува цврсто посветена на исполнување на европските критериуми

Од пријавени 248 гласале 242 болни или изнемоштени лица