Утрински Весник
Македонија

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Силно невреме доаѓа во Македонија!

Meteoalarm.mk 11.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Поради продор на посвежа воздушна маса од север, денес (четврток 17 јули) во попладневните  и во вечерните часови во нашата Република Македонија ќе дојде до поголема дестабилизација на атмосферата  и развој на грмотевични конвективни облачни јадра на повеќе места. Од овие конвективни облачни јадра на повеќе места очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.


Локално, особено во северните, централните  и во источните предели атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследно со пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. И во делови од Скопскиот регион денес (четврток 17 јули) во попладневните  и во вечерните часови ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер  и со услови за појава на невреме со силен ветер  и со појава на град.

Апелирам на поголема внимателност кај граѓаните во случај на појава на невреме, односно, во случај на појава на невреме  и на силни електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, автомобилите да се заштитат, односно, граѓаните истите да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се постари и осамени.

Што се однесува до температурите, тие денес (четврток 17 јули) сеуште ќе бидат високи и речиси насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието тие ќе се искачат  и близу 40 степени. Сепак, утре (петок 18 јули) поради продорот на посвежа воздушна маса од север, температурите ќе бидат пониски за 4  до 6 степени во споредба со денешните, и максималните дневни температури на воздухот утре (петок 18 јули) ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени. Утре (петок 18 јули) времето ќе биде претежно стабилно и суво, но сепак, можна е појава на сосема краткотраен локален дожд, особено претпладнето.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме НОТАС, и истата е од голема корист на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Можете да прочитате

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја партизира културата – нестручни лица се поставуваат за директори на национални институции 

Со околу 14 милијарди денари ќе се финансираат инфраструктурни проекти во општините, потпишани договорите од вториот повик

Потпишана Заедничка декларација за царинска соработка со Министерството за трговија на Турција – заедничка борба со организираниот криминал и забрзување на легалната трговија