Утрински Весник
Македонија

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Ќе дува силен северен ветер (над 65 км/час)

Veter 4 .jpg

Под влијание на релативно ладен бран кој се спуштат од север, денес и утре (7/8 октомври) во нашата Република Македонија ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 65 км/час). И во Скопје и околината ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец, во делови од котлината повремено со брзина од над 65 км/час.

Времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд а на планините со надморска височина од над 1600 метри ќе има повремен снег. И во Скопје и околината ќе има услови за повремен локален дожд а на околните високи планини ќе има услови за провејување на снег.


Температурите овие два дена во нашата Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу 12 степени.

Поради силниот ветер овие два дена, апелирам граѓаните да внимаваат каде се движат и да ги заштитат своите автомобили, односно да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои што се стари и осамени.

Можете да прочитате

ОКТА: Почнавме со иницијатива за поддршка на потрошувачите, по дополнителните количини гориво набавени преку продуктоводот ВАРДАКС

Работничка тешко повредена во фабрика во Охрид

Извозот на ИКТ услуги од Македонија надмина 676 милиони евра во 2025 година