Утрински Весник
Македонија

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доаѓа невреме во Македонија!

Meteoalarm.mk 44.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во следните 24 часа од Медитеранот кон нашата Република Македонија ќе помине влажна  и нестабилна воздушна маса која ќе услови зголемување на облачноста  и локални врнежи од дожд, локално и особено во западните предели поројни и проследени со грмежи, локално во вид на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) електрични празнења  и со услови за појава на град.


Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

И во делови од Скопскиот регион во следните 24 часа ќе има повремен локален дожд, кој повремено би можел да биде пороен и проследен со грмежи. Повремено ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Што се однесува до температурите, тие остануваат без поголеми промени и ќе бидат релативно високи и ќе биде пролетно топло, меѓутоа поради јужното воздушнои струење и Сахарската прашина  и песок која е присутна во воздухот, времето ќе биде мачно и спарно, а температурите ќе ги чувствуваме како да се повисоки од реално измерените.

Апелирам, во случај на појава на невреме и на електрични празнења, граѓаните да бидат повнимателни, односно да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја, а во случај на појава на силен ветер, истите да ги заштитат своите автомобили, односно, да не ги ставаат во близина на дрвјата.

Можете да прочитате

Искршена камера кај домот на Вања, уништена е во вторникот вечерта

Таравари не остварил средба, но телефонски разговарал со Ахмети

Казна до 10 илјади евра за непочитување на обврската за објавување на цените на веб-страниците