Утрински Весник
Македонија

МетеоАларм најава за студен и влажен бран кој носи дождови и снегови

Meteoalarm.mk 30.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на влажни воздушни бранови од Медитеранот кои ќе бидат во склоп на поладен воздух кој ќе се спушта од север од вторник навечер (23 декември) па во деновите потоа времето во Македонија ќе биде претежно облачно и релативно ладно со повремени врнежи од дожд во поголем дел од Македонија додека на планините над 1200/1300 метри надморска височина ќе има врнежи од снег каде очекувам почеток на формирање на снежна покривка. Повремено врнежите ќе бидат пообилни а повремено ќе засилува ветер од југоисточен правец.

И во Скопје  и околината од вторник навечер (23 декември) па во деновите потоа ќе има повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат со умерен интензитет а на околните планини врнежите ќе бидат од снег. Повремено ќе засилува ветер од југоисточен правец.

Што се однесува до температурите тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 8 степени а преку ден температурите ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени а во Скопје  и околината температурата ќе се искачува до околу 7/8 степени.

Можете да прочитате

Татко и син од гевгелиско заедно дилале – осомничени за илегална трговија со марихуана

АХВ: Уништени се над 22 тони киви од увоз

СДСМ: Нема пари за мерки против загаден воздух – има за криминални тендери