Утрински Весник
Македонија

МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Следуваат локални врнежи, на планините снег

Meteoalarm.mk 34.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Зголемена облачност  и локални врнежи од дожд ни носи денот понеделник 23-ти март 2026 во Македонија. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. На планините со надморска височина од над 1500/1600 метри ќе има врнежи од снег. Повремен локален слаб дожд ќе има  и во Скопје  и околината а ќе дува  и слаб до умерен ветер од северен правец.


Во вторник на 24-ти март 2026 ветерот од северен правец повремено ќе биде засилен на интензитет  а ќе продолжи променливото време со услови за слаб локален дожд.

Наутро во понеделник 23-ти март 2026 температурите во Македонија ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени а максималната температура ќе се искачува во интервалот од 9 до 16 степени. Во Скопје  и околината наутро температурата ќе се спушти до околу 5 степени а преку денот таа ќе се искачи до околу 15 степени.

Можете да прочитате

Одбележување на Светскиот метеоролошки ден

Променливо облачно со повремен дожд

Стојанов: Во име на парите и криминалот ни отидоа децата