Утрински Весник
Македонија

МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Од понеделник 6 април ни доаѓа вистинска пролет

Ecmwf meteo model.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Почнувајќи од понеделник 6 април 2026 територијата на Македонија ќе потпадне под влијание на стабилна, сува  и значително потопла воздушна маса од југ која позначително ќе предизвика температурите да бидат во пораст и тие ќе бидат вистински пролетни а времето ќе биде стабилно и суво со многу сонце.


Температурите преку ден во Македонија во текот на следната седмица на многу места ќе се искачат  и ќе надминат 20 степени а во најтоплите централни и југоисточни предели од Македонија температурата ќе се искачи до 25 степени.

Барем од она што можам во моментов да го изјавам за јавноста нова промена на времето, врнежи и пад на температурите на воздухот очекувам кон крајот на следната работна седмица и за време на следниот викенд.

Можете да прочитате

Намалена видливост поради магла во Крушево

Николоски: Имаме рекордна реализација на капитални инвестиции

„Ѝ реков не се секирај, тука сме сите, има институции“ – потресно сведочење на Мартин Саздов за трагедијата на Ивана и Катја