Утрински Весник
Македонија

“МЕТЕОАЛАРМ” НАЈАВА И ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Од четврток до недела екстремно топло во Македонија, температури до 40, 41 степен и екстремно висок Ув индекс 9

T2m 064 Crop.png

Под влијание на екстремно топла, сува и стабилна воздушна маса со потекло од северните предели на Африка, од четврток до недела во Македонија времето ќе биде сончево, екстремно топло и суво со мала локална облачност. Температурите насекаде во Македонија ќе надминуваат 30 степени, а во поголем дел тие ќе се искачуваат до околу 35 степени, додека во Скопската котлина, во централните и во југоисточните предели температурата локално ќе се искачи до околу 40, 41 степен.

За време на овој екстремно топол бран, од Сахара над нашата територија и понатаму ќе биде присутна прашина и песок па така и атмосферата нема да биде во целост чиста, а времето ќе биде многу мачно и спарно. Токму поради ова температурите ќе се чувствуваат како да се многу повисоки од реално измерените.

Почитувани, во пресрет на екстремно топлиот бран од Африка, апелираме без потреба да не се излегува во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да се пие повеќе течности. Ув индексот во следните денови ќе има екстремно висока вредност 9.

Можете да прочитате

Променливо и посвежо и утре, додека за време на викендот ни следува краткотрајна стабилизација на времето и значително повисоки температури

Српските медиуми брујат – Силјановска Давкова со поддршка за Косово

Еден од министрите во владата на Мицкоски е со бугарско државјанство