Утрински Весник
Македонија

Метеоаларм: Можни се поплави, врнежите продолжуваат

Meteo radar neverin 1.png

Метео предупредување на Славчо Попоски:

Целата територија на нашата Република Македонија на ден понеделник (10 Ноември) ќе се наоѓа во жолта предупредувачка фаза поради очекуваните обилни и поројни врнежи од дожд кои локално ќе бидат проследени со појава на грмежи и засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Локално ќе наврне поголемо количество на воден талог за 24 часа (над 30 литри на метар квадратен дожд). Токму поради ова можни се  и локални поројни поплавувања.

Сето ова е поради влијанието на серијата на влажни воздушни бранови од Медитеранот кои кај нас условуваат да имаме обилни и поројни врнежи од дожд проследени со локална појава на грмежи како и со засилен ветер. Овие процеси локално ќе бидат застапени и во форма на невреме.

Можете да прочитате

Црна точка: Нова сообраќајка на „Борис Трајковски“ кај Пинтија

ВМРО со однапред смислено сценарио за јавен линч на Филипче, велат од СДСМ

Демант на МСПДМ во врска со ЈУМЦСР Тетово