Утрински Весник
Македонија

“МЕТЕОАЛАРМ” АКТУЕЛНА НАЈАВА: Попладнево се очекува постепена дестабилизација на атмосферата проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Por 410552.jpg

Почитувани мои, како што и претходно најавив, во текот на денешното попладне се очекува постепена дестабилизација на атмосферата во Македонија, и тоа поради влијанието на високиот циклонски систем кој ќе биде со центар јужно и југоисточно од нас (односно над Грција  и Турција).

Во ваква ситуација, денес попладне  и во раните вечерни часови, особено во јужните  и во југозападните предели од државава ќе има локален развој на грмотевични облаци кои ќе условат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Не се исклучува можноста во овие предели да  има и појава на локално краткотрајно невреме, проследено со силен ветер и со појава на град.

Во Скопје денес  условите за нестабилност ќе бидат помали.

Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени. Во Скопје максималната температура денес ќе се искачи до околу 35 степени.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС” и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова: Обновувањето на Македонско-словенечкиот бизнис клуб е важен чекор кон продлабочување на економската соработка

Таткото пријавил во полиција: Син ми призна дека убил момче кај Сарај – Детали за убиството

Евакуација во „Ист гејт“ по аларм за пожар – утврдено дека станува збор за лажна тревога