Утрински Весник
Македонија

“МЕТЕОАЛАРМ” АКТУЕЛНА НАЈАВА: Натпросечно топло време, но и попладневна и вечерна нестабилност со пороен дожд и грмежи – Можно е локално невреме

Image 194242 1 1.jpg

Почитувани мои, во Македонија  и покрај натпросечно високите температури на воздухот (Продолженото лето), започна период на нестабилно време. Тоа значи дека до крајот на денешниот ден, како и во следните денови очекуваме локален попладневен и вечерен развој на конвективни грмотевични облаци кои ќе условуваат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во петок на повеќе места очекуваме нестабилност со пороен дожд и грмежи, кога локално процесите ќе бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со појава на град.

И во делови од Скопската котлина постои можност за појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во петок попладне, кога е можна  и појава на невреме.

Што се однесува до температурите, наутро тие ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 18 степени, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 16  и 17 степени, додека преку денот таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 34  и 35 степени.

Пад на температурите за неколку степени се очекува во петок, како и за време на викендот.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС”, и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Можете да прочитате

СДСМ во среда избира нови секретари и потпретседатели: Ќе има ли изненадувања?

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“