Утрински Весник
Македонија

“МЕТЕОАЛАРМ” АКТУЕЛНА НАЈАВА И ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Утре (петок) обилни врнежи од дожд, јужен ветер и локално невреме!

Meteoalarm.mk .nevreme 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на веќе споменатата циклонска активност која е со центар над Џенова, утре (петок) најпрвин во западните предели, а во текот на попладнето и вечерта, како и ноќта кон сабота ќе се прошират врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни и поројни, проследени со грмежи и засилен јужен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме.

Најобилни врнежи се очекуваат во западните предели од државава, но локално пообилни врнежи ќе има  и во останатите предели од државава. Локално, и тоа особено во западните предели ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 литри на метар квадратен).

И во Скопскиот регион утре (петок) особено во попладневните и вечерните часови, како и во текот на ноќта кон сабота ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат пообилни и проследени со засилен јужен ветер, како и со услови за појава на грмежи.

Што се однесува до температурите, тие во петок и тоа поради јужното воздушно струење ќе бидат значително повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 29 степени, додека во Скопје температурата ќе се искачи до околу 29 степени.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС”, и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Можете да прочитате

Акција на МВР и УЈП во Тетово: Одземени ЦД-а

СДСМ: Николовски не знае каде тера нема ниту еден нов започнат проект во овие 100 дена

Таравари со сочувство до семејствата на загинатите лекари во Прилеп