Утрински Весник
Македонија
Img 7972

МЕТЕО НАЈАВА: За време на викендот поголемо затоплување на времето – Температури и до 16 степени!

Ecmopeu00 144 1 660x330 1.png
300x250 opst2

Метео анализа на Славчо Поповски:

Под влијание на антициклонот “Зевс”, во Македонија продолжува периодот на стабилно, суво и на се посончево време. Повремено ќе засилува ветерот од северен правец, особено Долж Повардарието и во источните предели.

Температурите секојдневно ќе бележат тенденција на пораст, а се повисоки ќе бидат и утринските температури, иако на многу места тие ќе останат негативни, но нема да биде премногу студено.

Максималните дневни температури на воздухот пак, особено за време на викендот ќе бележат тенденција на позначителен пораст и ќе бидат натпросечно високи. Тие особено од недела ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време, какво што и најавивме во изминатите денови.

Во првите 6 денови од февруари месец во Македонија не се очекуваат нови врнежи од снег.

Можете да прочитате

Коалицијата ВЛЕН најостро осудува насилство во Куманово

Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Каранфилова –Пановска од Неготино: Програмата на Мантев со низа мерки за лицата со попреченост