Утрински Весник
Македонија

МЕТЕО НАЈАВА: Следува затоплување на времето преку ден, што значи студот ќе попушти!

IMG

Метео анализа на Славчо Поповски

Следува период на стабилно и суво време, а студот полека ќе попушта. Само утрe ќе има повеќе облачност во Македонија и ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд на пониските места, додека на планините над 1500 метри надморска височина ќе провејува снег.

До крајот на оваа недела, особено Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Што се однсесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од -6 до -1 степен, а максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 13 степени. Кон крајот на оваа, како и на самиот почеток од следната недела повторно температурите наутро понекаде ќе се спуштаат до околу, па и под -10 степени.

Можете да прочитате

Уапсени двајца насилници, претепале 52-годишник од Охрид и му украле пари и накит

Кривична пријава за демнење во Тетово: 27-годишник следел и снимал девојка

Мицкоски дел од Самитот на ЕПП: Европа пред економски и безбедносни предизвици