Утрински Весник
Македонија

МЕТЕО НАЈАВА: Следува подолг период на променливо време со дожд и снег!

Overview 20241203 00 054.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Метео анализа на Славчо Попоски:

Од утре (среда), а особено од четврток 5.12.2024 следува подолг период на променливо време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, додека на планините врнежите ќе бидат од снег, каде очекувам зголемување на снежната покривка. Повремено, и тоа особено во западните предели снег ќе врне  и на повисоките места, па така услови за повремен снег ќе има и во повисоките населени места, односно на надморска височина до околу 1000 метри, а таа повремено би можела да се спушти и под 1000 метри.

Ќе биде претежно тивко, а поветровито време очекувам во недела, и тоаш ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Во Скопскиот регион, исто така особено од четврток (5.12.2024) ќе има повремени врнежи од дожд, а повремено на околните планини ќе има услови и за повремен снег. Во недела ќе дува повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Што се однесува до температурите, наутро тие на повеќе места ќе бидат позитивни, односно над нулата, освен на високите места и на планините, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени, а во четврток тие ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени.

Можете да прочитате

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче