Утрински Весник
Македонија

МЕТЕО НАЈАВА: Кон Македонија доаѓа нов влажен бран – Следуваат врнежи од дожд, локално поројни и проследени со грмежи и засилен ветер

Messenger Creation 4e88d358 85ea 457c 933b 144d7cdd0433.jpeg

Метео анализа на Славчо Попоски:

До крајот на денов во Македонија ќе имаме зголемена облачност која на повеќе места ќе донесе повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи, како и со засилен ветер. И во Скопје денес очекуваме повремени врнежи од дожд, а во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни, а можна е  и појава на грмежи како и со засилување на ветерот.

Што се однесува до температурите, тие денес ќе бидат под просекот за средината на месец Мај и ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 18 степени, во Скопје температурата ќе достигне до околу 16 степени.

Речиси до крајот на оваа работна недела продолжува нестабилното време со повремени локални врнежи од дожд и со потпросечни температури на воздухот за средината на месец Мај. Ќе дува и ветер од југоисточен правец, кој особено Долж Повардарието повремено ќе биде и засилен на интензитет.

Можете да прочитате

Аврамовски: Наместо пари за питијади и ајваријади, општините да инвестираат во повеќе јавни паркинзи, зеленило и подобри услови во градинките и училиштата

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: Следува намалување на интензитетот на овој топлотен бран од Африка!

ВМРО-ДПМНЕ: Аудито Q8 на Филипче кое го возеше и во предизборната кампања е купено од фирмата која продавала 3 пати поскап јаглен на ЕСМ