Утрински Весник
Македонија

Метален профил усмрти 23 годишен градежен работник во индустриска зона кај Петровец

Policija.webp.webp

Градежен работник од Велес починал вчера попладне откако врз него паднал метален профил додека извршувал работни задачи на градилиште во индустриска зона на подрачјето на општина Петровец.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, станува збор за Е.А. (23), а несреќата се случила на објект во изградба на фабрика. Според информациите од полицијата, младиот работник од здобиените повреди починал на самото место.

Случајот бил пријавен во 15:00 часот во СВР Скопје, по што на местото пристигнале полициски екипи и Итната медицинска помош. Лекар констатирал смрт на лицето.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. За настанот бил известен и трудов инспектор, а увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Надлежните институции работат на утврдување на околностите под кои се случила несреќата.

Можете да прочитате

Марјановиќ: Довербата во онкологијата е урната – пациентите бараат дополнителни проверки и анализи

Велев: Пациенти со дијабетес со месеци без терапија и сензори!

Марјановиќ: Онкологијата во хаос – нема регистар, нема систем, пациентите оставени сами на себе