Утрински Весник
Спорт

„Металците“, по лошиот почеток, не успеаја рамноправно да му се спротистават на Партизан

„Металците“, по лошиот почеток, не успеаја рамноправно да му се спротистават на Партизан
Dik 300x250 mk

МЗТ Скопје Аеродром очекувано загуби со 74:92 (9:25, 23:23, 20:21, 22:23) од Партизан во второто коло на регионалната АБА-лига кога не успеаја да се вратат во игра по лошата прва четвртина во „Јане Сандански“.

dobivaj vesti na viber

Тимот на Жељко Обрадовиќ имаше фуриозен почеток поведувајќи со 9:0 за првата четвртина да ја добијат со огромни четиринаесет поени разлика (25:9) благодарение на трите тројки на Австралиецот Егзум.  По ова, „металците“ успеаја да го одржат ритамот со „црно-белите“, но не и да ја намалат огромната предност на српскиот тим.

Нанели и Егзум постигнаа по 17 поени за Партизан, а кај македонскиот шампион Миќовиќ заврши со 18 поени, Кефи со 17, а двоцифрени беа и Максвел (13) и Стојановски (11).

Фото: Игор Паневски/Топспорт.мк

Можете да прочитате

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата

Салах го постигна 250. гол за Ливерпул и им се придружи на Раш и Хант

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони