Утрински Весник
Македонија

Мета се сретнал со Мицкоски во Охрид

455770314 1105502147598377 1413890747232989274 N 585x439 1.jpg
Dik 300x250 mk

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на опозициската Партија на слободата, Илир Мета, денеска во Охрид се сретнал со македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

-Меѓу прекрасните пријатели денес во Охрид! Среќен сум непосредно да им ја честитам победата на премиерот и лидер на ВМРО, Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски и министерот за одбрана, Владо Мисајловски, објави Мета на Фејсбук.

Никогаш, додава, не сум се сомневал во победата на овој прекрасен тим, со карактер и многу визија.

-Ги преживеаја најсуровите прогони, но никогаш не се откажаа и ПОБЕДИЈА! Разговаравме и за важноста на изградбата на Коридорот 8 и со задоволство ги слушам новитетите од нивната економска програма, пишува Мета.

Убеден сум, посочува, дека ВМРО под водство на Христијан Мицкоски ќе биде “најдобар пример како една партија му служи на својот народ и како ги цени, почитува и засилува граѓаните”.

Мета во посебна објава пренесува моменти и од неговиот престој во Свети Наум.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ води со 21 мандат, ВЛЕН 4, СДСМ 3 – 19.258 ливчиња неважечки

Кичево слави: ВМРО-ДПМНЕ ја освојува општината по повеќе од 15 години

Костадинов: СДСМ мора да помине низ сериозен филтер и реформи