Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Меси сака да се врати во Барселона

Меси сака да се врати во Барселона
Img 7972

Аргентинецот Лионел Меси од Пари Сен Жермен сака да се врати во Барселона и е подготвен да има помала плата во каталонскиот клуб.

dobivaj vesti na viber

Меси играше за Барселона од 2000 до 2021 година, а потоа се пресели во ПСЖ поради финансиските проблеми во кои се наоѓаше и сеуште се наоѓа каталонскиот клуб.

Тој има договор со „светците“ до крајот на сезоната, но се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата, иако има понуда да остане во Париз.

„Дејли Мејл“, пренесува дека легендарниот аргентински фудбалер одлучил повторно да живее со семејството во Барселона. Каталонскиот клуб на почетокот на преговорите ќе му понуди на Аргентинецот двегодишен договор според кој ќе заработува 12 милиони евра по сезона.

„Меси е свесен за финансиските проблеми на Барселона и ја разбира тешката ситуација во клубот каде што се прослави и ја помина речиси целата своја кариера. Аргентинецот јасно покажува дека е подготвен да ги одбие мегаломанските понуди од Саудиска Арабија, само поради лојалноста. Меси е уверен дека се уште може да игра на врвно ниво, а за неколку години можеби ќе биде подготвен за настап на некоја „егзотична“ фудбалска дестинација“, пишува „Дејли Мејл“.

Меси оваа сезона одигра 36 натпревари за ПСЖ и постигна 20 гола

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица