Утрински Весник
Спорт

Меси под еден услов ја прифатил понудата од Ал Хилал

Меси под еден услов ја прифатил понудата од Ал Хилал

Лионел Меси наводно ја прифатил понудата од Саудиска Арабија, пренесува популарната шпанска фудбалска телевизија „Ел Чирингито“.

dobivaj vesti na viber

Според овој извор, од следната сезона, Аргентинецот својата кариера ќе ја продолжи во Ал Хилал. Се шпекулира дека од клубот добил понуда вредна 300 милиони евра.

Ал Хила најтрофејниот саудиски клуб со дури 65 трофеи, од кои 18 се шампионски титули. Ал Хилал со четири континетални титули е најторфејниот азиски клуб.

Шпанската телевизија пренесува дека во Ал Хилал ќе му се приклучат поранешните соиграчи од Барселона, Серхио Бускетс и Џорди Алба.

Меси е подготвен да ја заврши европската кариера и да замине во Ал Хилал само во случај да пропаднат преговорите за негово враќање во Барселона.

Аргентинецот не сакаше ниту да го напушти клубот во кој ја мина целата своја сениорска кариера, но лошите потези на клупското раководство го доведоа тимот на работ на банкрот и мораше да си замине. По речиси две години поминати во Париз, очигледно му е доста од нефункционалноста во тој клуб и реши да го напушти ПСЖ.

Дали следната дестинација ќе биде Барселона или Ал Хилал се чини дека зависи само од Каталонците. Досега договорија голем број трансфери, но прашање е дали ќе можат да ги финансираат и дали нивните финансиски книги ќе можат да ги поминат инспекциите на Ла Лига и УЕФА со оглед на огромните инвестиции во последната година.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига