Утрински Весник
Спорт

Меси е среќен во Париз, смета претседателот на ПСЖ

Меси е среќен во Париз, смета претседателот на ПСЖ

Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Kелаифи, ја коментираше ситуацијата околу Лионел Меси, кој се уште не го продолжил договорот со клубот, а актуелниот договор му истекува на лето.

dobivaj vesti na viber

„Меси е многу среќен, тоа можете да го видите во неговиот настап во репрезентацијата. Ако некој фудбалер е несреќен, тоа ќе влијае на неговата игра“, изјави Ал-Kелаифи.

ПСЖ сака да го задржи најмалку уште една сезона.

„Лео беше фантастичен оваа сезона, постигнувајќи голови и асистенции и за ПСЖ и за Аргентина. По Светското првенство ќе седнеме и ќе разговараме. Двете страни се среќни во нашата соработка“, изјави Ал-Келаифи.

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026