Лионел Меси ќе ја одбие најголемата понуда во историјата на фудбалот. Аргентинецот нема намера да се пресели во Саудиска Арабија. Ал Хилал, како што пренесоа светските медиуми, испратил понуда до Меси вредна 400 милиони евра по сезона. За споредба Кристијано Роналдо во Ал Наср има годишна плата од 200 милиони евра.
„Реалноста вели дека парите не се најважни. Другите играчи подлегнаа на искушението, но се чини дека Меси разгледува други опции. Барселона се надева на чудо, а ПСЖ дека ќе го задржи. Впечатокот е дека неверојатната понуда не е пресудна. Нема конечна одлука, но ситуацијата не е иста со Меси и Роналдо во Саудиска Арабија“, пишува „Марка“, за Меси, чиј договор со ПСЖ истекува на крајот од сезоната.
Покрај Ал Хилал, интерес за Меси покажал и Ал Итихад, но „Марка“, тврди дека овие клубови би можеле да се насочат кон други играчи „кои не се на нивото на Меси, но се подостапни“.