Утрински Весник
Спорт

Меси: Диего не бодреше од небото

Меси: Диего не бодреше од небото

Лионел Меси испрати специјална порака до следбениците на Инстаграм по повод освојувањето на Светското првенство.
Најдобриот играч на неодамна завршениот турнир во Катар, по невиденото прослава низ целата земја и дочекот во Буенос Аирес на кој присуствуваа над четири милиони луѓе, се наврати на патот кон освојувањето на пехарот.

dobivaj vesti na viber

„Од Грандоли до Светското првенство во Катар требаше да поминат 30 години. Поминаа речиси три децении откако топката ми дава причина за радост, но и за тага. Отсекогаш сум сонувал да станам светски шампион и не сакав да престанам да се обидувам, иако знаев дека нема да престанам. Овој Мундијал е и за сите оние претходници кои не успеаја да го освојат, како оној во 2014 година во Бразил, кој го заслужија затоа што се бореа до крајот“, напиша Меси.

Не можеше да не го спомене легендарниот Диего Марадона кој во 1986 година ја освои титулата во Мексико.

„Го заслуживме овој трофеј и покрај драматичниот финиш. Ова е и за Диего кој не бодреше од небото. И за сите оние кои потрошија време гледајќи ја репрезентацијата не толку за резултатите, колку за желбата што ја покажуваме, дури и кога работите не одеа како што сакавме. И секако, ова е и за сите оние од оваа прекрасна група и од стручниот тим, како и сите оние луѓе од репрезентацијата, кои се анонимни, но кои работат ден и ноќ за да ни ги олеснат работите“, додаде Меси.

Ѕвездата на Аргентина на крајот вели:

„Многу пати неуспехот е дел од патувањето и учењето, без разочарување е невозможно да се постигне успех. Ви благодарам на сите од се срце! Напред Аргентина!”, порача Меси.

View this post on Instagram

A post shared by Leo Messi (@leomessi)

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари