Утрински Весник
Спорт

Меси: Бразил и Франција се фаворити за титулата на СП

Меси: Бразил и Франција се фаворити за титулата на СП

За 33 дена ќе започне Светското првенство во Катар. Овој Мундијал ќе биде последен за аргентинскиот волшебник, Лионел Меси. Поради тоа, Меси ќе се обиде со своите соиграчи да ја освои шампионската титула.

dobivaj vesti na viber

Меси, по дуелот со Марсеј, во Лига 1, проговори за фаворитите на Светското првенство. Не ја спомна Аргентина, веројатно за да го тргне притисокот од националниот тим.

„Кога зборуваме за фаворити, имаме големи тимови како Бразил, Германија, Франција, Англија, Шпанија, сигурен сум дека заборавив некого. Ако треба да изберам една или две репрезентации, тогаш би рекол дека Бразил и Франција се двата најголеми кандидати за освојување на титулата“, изјави Меси.

Аргентина со Меси се наоѓа во добра серија, во 2021 година ја освои Копа Америка, а оваа година победи и на Финалисима, натпревар меѓу шампионите на Јужна Америка и Европа (Италија).

Аргетнина на СП ќе игра во Ц-групата, против Саудиска Арабија, Мексико и Полска.

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026