Утрински Весник
Македонија

Мерко не им правел притисоци, а тие суделе според законот – Судскиот совет не најде пропусти кај струшките судии

Мерко не им правел притисоци, а тие суделе според законот – Судскиот совет не најде пропусти кај струшките судии

Струшките судии тврделе дека не трпеле притисоци од струшкиот градоначалник Рамиз Мерко или други лица, а поврзани со неговите предмети. Ова го констатира работната група од Судскиот совет, која разговарала со сите пет судии што работат таму. Првиот човек на работната група, Миљазим Мустафа, рече дека тие не заблежале ниту незаконско постапување од страна на судиите, а за кои посочи дека ги презеле сите дејства до донесување на пресудите. Контролата на Основниот суд во Струга дојде откога струшниот градоначалник Рамиз Мерко се најде на т.н. црна листа, меѓу другото, и поради влијание врз правосудните органи.

dobivaj vesti na viber

„Беше извршен работен разговор со сите судии што вршат судиска функција. Беа прашани за притисоци, за начинот на функционирање од која било страна. Тие категорично демантираат дека се соочени со какви било притисоци при вршењето на својата работа. Како генерален заклучок е дека при уводот на предметите е констатирано дека нема пропусти од страна на судиите или претседателот на судот. Тие се доделени според АКМИС-системот, почитувани се роковите за дејствата и од нивна страна нема пропусти. Со судиите беше извршен разговор за евентуални притисоци. Сите беа едногласни дека немаат притисоци од надвор и дека својата работа си ја вршат во согласност со законот“, рече членот на Судскиот совет, еден од тројцата што биле на посета во судот, Миљазим Мустафа.

Тие ги проверувале уписниците за предмети од 2020 година до 2023 година. Таму, според нив, немало кривични предмети против Рамиз Мерко. Под лупа биле и предметите против Општина Струга и Меѓународниот универзитет, чиј сопственик е семејството на Мерко. Детаљно не се разгледувале, но од она што се проверило – постапувањето на судиите било законско.

САД го ставија градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, на таканаречената црна листа, со што го означија како генерално неподобен за влез во Соединетите Американски Држави поради неговата вмешаност во значителна корупција.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег