Утрински Весник
Македонија

Мерко ги скара Судскиот совет и антикорупционерите: Дајте доказ дека сте поднеле претставка во 2018, неосновано сме етикетирани

Мерко ги скара Судскиот совет и антикорупционерите: Дајте доказ дека сте поднеле претставка во 2018, неосновано сме етикетирани

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко ги скара Судскиот совет и Државната комисија за спречување корупција. Судиите бараат од антикорупционерите да достават доказ дека навистина поднеле претставка за предметите поврзани со Мерко во 2018 година. Судскиот совет тврди дека ургенција добиле во 2021 година и постапиле веднаш, односно ги известиле дека роковите за постапување се изминати. На членовите на ова судско тело им пречи што се етикетирани како институција што помагала во забошотување предмети.

dobivaj vesti na viber

„Од Судскиот совет ја повикуваат ДКСК да достави доказ дека претставката е навистина примена во Судскиот совет во 2018 година кога сè уште течеле роковите за постапување. Зачудува фактот што на антикорупциската ѝ требале дури 2 години да реагира со ургенција за споменатиот случај и се поставува прашањето зошто не се заинтересирале дотогаш да побараат одговор дали е постапено по неа“, вели Судскиот совет.

Тие тврдат дека не му помагаат на Мерко, туку, напротив, му одмагаат бидејќи пратиле контроли во струшкиот суд по објавата дека градоначалникот е на т.н. црна листа поради влијанија врз судски предмети.

„Судскиот совет категорично одбива да биде неправедно етикетиран и вбројуван во институции што наводно свесно помагале во забошотување предмети поврзани со струшкиот градоначалник, а уште помалку дека во заднина се некакви политички влијанија. Напротив, уште истиот ден кога беше објавена веста за ставањето на Рамиз Мерко на црната листа на САД, Судскиот совет одлучи да ги провери сите наводи искажани од Стејт департментот и американскиот амбасадор во Македонија за наводни влијанија врз струшките судии од страна на градоначалникот“, додава Судскиот совет.

Тие објаснуваат за ургенцијата што ја добиле во 2021 година.

„Во ургенцијата ДКСК се осврнува и на двете решенија донесени од ист судија, претседателот на Основниот суд во Струга, Ифет Бајрамовски, кои, како што тврдат, иако се темелат на иста фактичка состојба и исти образложени причини, поинаку ја решаваат правната работа. Во првиот случај, барањето на должникот, Општина Струга, се одбива, а со второто решение се усвојува. Во прилог на оваа ургенција е доставена и претставка од ДКСК од 18.11.2019 година, која е адресирана до тогашниот претседател на Судскиот совет, Киро Здравев. Веќе за само неполна недела по добивањето на ургенцијата, Судскиот совет испраќа известување до ДКСК, во кое се информира оваа институција дека во конкретниот случај е поминат подолг временски период, односно решенијата се од 2016 и 2017 година, поточно е истечен рокот од три години, предвиден во член 61 од Законот за Судскиот совет“, велат од Судскиот совет.

Тие потенцираат: „Од Судскиот совет ја повикуваат ДКСК да достави доказ дека претставката е навистина примена во Судскиот совет во 2018 година кога сè уште течеле роковите за постапување. Зачудува фактот што на антикорупциската ѝ требале дури 2 години да реагира со ургенција за споменатиот случај и се поставува прашањето зошто не се заинтересирале дотогаш да побараат одговор дали е постапено по неа“.

Утре, Судскиот совет влегува во струшкиот суд.

„Воедно, сакаме да потсетиме и дека одлуките и процесните дејства на првостепените судови подлежат на контрола на повисоките второстепени судови. Од своја страна, Судскиот совет апелира и до сите надлежни институции до крај да се истражи овој случај, но бара од нив да бидат внимателни во изнесувањето информации во јавноста со цел дополнително да не се поткопува довербата на граѓаните во правосудниот систем“, додава Судскиот совет.

Можете да прочитате

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа

Милошоски: Донесениот заклучок од страна на членовите на Судскиот совет за продолжување на мандатот на Весна Дамева е незаконски