Утрински Весник
Свет

Меркел: Нема да учествувам во мировни преговори за Украина

Меркел: Нема да учествувам во мировни преговори за Украина

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави дека прашањето за нејзината веројатно вмешаност во решавањето на украинската криза „не е на дневен ред“.

dobivaj vesti na viber

– Нема такво прашање – изјави таа во интервју за неделникот „Сет“.

Меркел додаде дека не знае како ќе заврши конфликтот во Украина.

– Еден ден се ќе заврши со преговори. Војните завршуваат на преговарачка маса. Има разлика помеѓу наметнат мир, кој јас, како и другите, не го посакувам, и отворени и пријателски преговори. Не сакам да додадам ништо повеќе – изјави поранешната канцеларка на Германија.

Коментирајќи ја политиката што ја водела кон Русија и Украина, Меркел истакна дека „во тоа време носела одлуки според логика која сè уште и изгледа разумна“.

– Се работеше за обидот да се спречи војна како оваа. Само затоа што не успеавме, не значи дека беше погрешно да се обидеме“, рече таа.

Можете да прочитате

Трамп: Путин му помага на Иран, а ние ѝ помагаме на Украина 

Унгарија нема да подлегне на притисокот од Украина за купување поскапа нафта

Мајка и тројца синови се во притвор поради експлозијата во американската амбасада во Норвешка