Утрински Весник
Свет

Мерц: Европа треба да изнајде начин за да биде доминантна сила

Merc.webp.webp

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека Европа треба да најде начин повторно да стане доминантна сила за да се наметне во новонастанатиот светски поредок доминиран од неколку моќни играчи.

Според него, во Европа ќе можат да ги спроведат своите идеи само „ако самите научиме да го зборуваме јазикот на политиката на моќ“.

– Европа изминатите децении беше политичката сила што инсистираше на владеењето на правото како основа за односите меѓу државите и народите, истакна Мерц пред германските пратеници.

Тој се осврна и на обидот на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд и го пофали обединетиот одговор на европските сојузници во НАТО.

Трамп ги отфрли заканите за воведување царини во спорот или дури и стекнување на територијата во сопственост на Данска со сила откако европските нации се заканија со контрацарини.

– Ова искуство накратко им овозможи на Европејците да ја почувствуваат радоста на самопочитувањето, посочи Мерц, додавајќи дека „оваа новооткриена самодоверба“ сега мора да се искористи за справување со понатамошни проблеми. 

Можете да прочитате

Лавров: Русија не знае какви безбедносни гаранции договориле САД и Украина

Стармер во Пекинг обезбеди безвизен режим за британските државјани

Се урна воен авион во Тајланд, загинаа двајца пилоти