Утрински Весник
Свет

Мерц до лидерот на АфД: Подавајте рака колку сакате, ние не сакаме со вас

Merc Alisa Valjd.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во вчерашната телевизиска дебата на германските политички лидери, партиските лидери ги коментираа проектираните изборни резултати, кои покажаа дека централнодесничарскиот блок ЦДУ/ЦСУ освоил најмногу гласови, додека екстремно десничарската АфД е на второ место.

Лидерот на ЦДУ Фридрих Мерц најави дека ќе се обиде да формира влада што ќе ја претставува цела Германија и уште еднаш нагласи дека нема намера да соработува со АфД.


Кандидатката на АфД, Алиса Вајдел, рече дека нејзината рака и понатаму е „поднесена“ кон конзервативниот блок, но предупреди дека секоја друга коалициска влада ќе биде нестабилна и „нема да трае“.

Таа, исто така, предвиде дека АфД ќе ги надмине конзервативците во иднина и го нарече Мерц „привремен канцелар“.

Мерц одговори дека Вајдел може да подава рака „колку што сака“, но дека има суштински разлики меѓу нивните партии.

Тој, исто така, повтори дека повеќе би сакал да формира влада со еден коалициски партнер отколку со двајца – но конечната одлука ќе зависи од официјалните изборни резултати.

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп