Утрински Весник
Свет

Мерц: Диктиран мир во Украина нема да има

Merc.webp.webp

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денес дека не може да има диктиран мир во Украина и дека е во интерес на Германија да има блиски и рамноправни политички односи со Полска во време кога се соочуваат со заканата од ревизионистичкиот режим на Русија.

Мерц повика на поблиска соработка во областа на одбраната и безбедноста, вклучително и одбрана на источниот крило на НАТО со германски борбени авиони стационирани во Полска и заедничка работа на беспилотни летала.

Тој оцени дека е потребно да се модернизираат прекуграничните железнички врски на двете земји и да се зајакнат другите транспортни иницијативи.

Смета дека е потребна поблиска координација кога станува збор за мировни преговори за Украина.

Можете да прочитате

Во Израел повредени над 190 лица по вчерашните ирански напади

Иран: САД нè нападнаа, преговорите повеќе не се опција

Иран до Трамп: Ние ќе одлучиме кога ќе заврши војната