Утрински Весник
Економија

МЕПСО простил 14 милиони евра на трговците со струја, тврдат ревизорите; Најчевска: Се додека преоѓате преку ова ќе бидете овци

МЕПСО простил 14 милиони евра на трговците со струја, тврдат ревизорите; Најчевска: Се додека преоѓате преку ова ќе бидете овци

МЕПСО им простил 14 милиони евра на четири фирми – трговци со струја. Во извештајот на Државниот завод за ревизија се наведува дека долгот бил направен на почетокот на енергетската криза во 2021 година, кога МЕПСО влечела електрична енергија од европската мрежа.

dobivaj vesti na viber

Износот, потоа МЕПСО го искнижил како расход на компанијата.

„Во услови кога се забележани тешкотии во наплатата на побарувањата, Секторот за финансиски работи доставил барање до УО на АД МЕПСО со предлог за нивна резервација. Со одлука на УО побарувањата биле резервирани, за што соодветно се евидентирани трошоците и извршен е отпис по пат на исправка на вредноста и истите се искажани како непризнаен расход во даночниот биланс“, пишува во извештајот на ДЗР.

Професорката Мирјана Најчевска попладнево на социјалните мрежи искоментира дека ова значи оти членовите на Управниот одбор украле 14 милиони евра од граѓаните.

„Не знам дали го разбирате тоа или треба да ви нацртам. Вам ви доаѓаат извршители на врата за еден денар, ви одземаат станови и кучи, ви запоираат пензии, а тие крадат 14 милиони и никому ништо. Се додека сте доволно глупи и неписмени да преоѓате преку ова ќе бидете овци за стрижење“, наведе Најчевска во Фејсбук статусот.

Можете да прочитате

Поевтинуваат бензините и дизелот – 24info.mk

Трипуновски: Ветено – исполнето, објавен оглас за откуп на домашна пченица за стоковни резерви 

ВМРО-ДПМНЕ: Економските политики на Владата даваат резултати