Утрински Весник
Македонија

Менче Андреева е назначена за директорка на Инспекторатот за македонски јазик

Mence andreeva foto 1.png
Dik 300x250 mk

Со одлука на Владата, за директорка на Инспекторатот за македонски јазик е назначена Менче Андреева, од Велес . Таа е лиценциран лектор по македонски јазик , а до сега работела во ОУ „ Рајко Жинзифов“, во велешкото село Горно Оризари.

Со назначувањето на Андреева за директор на Инспекторатот за македонски јазик, се очекува да започне примената на Законот за употреба на македонскиот јазик. Тој беше изгласан во Собранието лани, кон крајот на јануари и до сега практично не е започната неговата примена.


Инспекторатот за македонски јазик треба да ја надгледува примената на Законот за употреба на македонскиот јазик во државните институции, органите на управата и во медиумите. Инспекторатот има задача да опоменува, но и да казнува доколку не се применуваат одредбите од Законот за употреба на македонскиот јазик. Тој предвидува задолжително лекторирање на документи и други материјали, но и задолжително вработување лектори во институциите и медиумите.

Текстот на Предлогот-Законот за употреба на македонскиот јазик го подготви претходниот состав на владиното тело- Совет за македонски јазик и министерството за култура , под раководство на претходната министерка Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Можете да прочитате

Пријавен поткуп за време на изборниот молк – градоначалник и две лица фатени на лице место

Гласовите на болните и изнемоштени не се бројат и објавуваат денес, објави ДИК

Вечерва тешка сообраќајка несреќа на истото место каде што загина Фросина