Утрински Весник
Магазин

Мемоарите на Бритни Спирс ќе добијат и филмска верзија

Befunky 2024 7 5 12 56 33.jpg

Продукцијата „Universal“ ги откупи правата за мемоарите на Бритни Спирс „Жената во мене“ и ќе снима филм за животот на поп ѕвездата, објави Си-Ен-Ен.

Режисерот Џон М. Чу ќе го режира филмот, а продуцент ќе биде Марк Плат.

Спирс на социјалните мрежи сподели дека е возбудена да сподели дека работи на проект со Марк Плат, кој работел на нејзините омилени филмови.

За мемоарите на Спирс имало компетитивна аукција помеѓу големите филмски студија и стриминг платформи  заинтересирани за проектот. Засега не се објавени информации во колкава мера ќе биде вклучена Спирс во филмот, но извори блиски до пејачката кажуваат дека таа ќе биде активна во продукцијата на филмот.

Мемоарите „Жената во мене“ беа објавени во октомври 2023 година и ја раскажаа животната приказна од перспектива на поп-ѕвездата. Книгата, на која Спирс е единствена авторка, ја раскажува нејзината приказна од почетоците во Мисисипи до огромната слава, мајчинството, вербата и борбата за слобода.

Книгата беше објавена две години откако таа беше ослободена од 13-годишното конзерваторство во 2011 г одина.

Во последните години, Спирс беше отворена за нејзиното детство и комплицираните врски со нејзиното семејство, што веројатно ќе бидат вклучени и во филмот.

Извор: trn.mk

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста