Утрински Весник
Свет

Мелони утре во Милано ќе се сретне со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс

Dhordha meloni.png

Италијанската премиерка Џорџа Мелони утре во Милано ќе оствари средба со потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, пренесува италијанската агенција АНСА. Венс денеска пристигна во Милано како дел од официјална американска делегација, во која е вклучен и државниот секретар Марко Рубио.

Утре тие ќе присуствуваат на свеченото отворање на Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026, што ќе се одржи на стадионот „Сан Сиро“. Ова е третата посета на американскиот потпретседател на Италија во период пократок од една година. Минатата пролет тој престојуваше во земјата, кога имаше средба со Мелони, како и со тогашниот папа Франциск во Ватикан. По смртта на папата Франциск, Венс ја предводеше американската делегација на церемонијата за востоличување на новиот папа Лав XIV. Во рамки на таа посета, тој учествуваше и на трилатерална средба во Рим со Џорџа Мелони и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Можете да прочитате

Полска најави нов пакет воена помош за Украина од 56 милиони долари

Трамп ги поддржа премиерката Такаичи и Орбан пред парламентарните избори во Јапонија и Унгарија

36 клинички извештаи за деца со симптоми на труење поврзани со повлечена бебешка формула во Велика Британија