Утрински Весник
Свет

Мелони се обидува да се дистанцира од фашизмот

Мелони се обидува да се дистанцира од фашизмот

Италијанската премиерка Џорџа Мелони се обрати денеска во италијаскиот Парламент за првпат по преземањето на функцијата и реши да се огради од фашистичките гласини.

dobivaj vesti na viber

Мелони, претседател на постфашистичката партија „Браќа на Италија“, ја формираше најдесничарската влада во земјата по времето на Бенито Мусолини.

Таа во очигледен обид да ги увери западните сојузници, се обиде да се дистанцира од фашизмот.

„Никогаш не сум почувствувал симпатии или блискост со антидемократските режими, вклучувајќи го и фашизмот“, им рече Мелони на пратениците.

Таа вети дека ќе се бори против „секоја форма на расизам, антисемитизам, политичко насилство и дискриминација“.

Можете да прочитате

Нова железничка несреќа во Шпанија

Заканата од Кина за Гренланд е мит, вели Пекинг

Неколку лица се водат како исчезнати во свлечишта и поплави низ Нов Зеланд