Утрински Весник
Свет

Мелони: Не смее да има патарина за премин низ Ормускиот теснец

Meloni.webp.webp

Италијанската премиерка Џорџија Мелони изјави во четврток дека враќањето на слободата на пловидба во Ормутскиот теснец е од клучен интерес за нејзината земја и за Европската Унија и вети дека ќе соработува со партнерите за да ја постигне таа цел. По нападите на САД и Израел, Иран го ограничи сообраќајот низ теснецот за да изврши притисок врз своите противници, што доведе до зголемување на цените на енергијата, бидејќи околу една петтина од светската нафта и гас минува низ тесниот морски пат, објави Ројтерс .

Закана од ирански царини

Како дел од своите предлози за ставање крај на војната, Техеран сака да воведе такси за бродовите што минуваат низ Ормутскиот теснец. „Доколку Иран успее да добие овластување да наплаќа дополнителни тарифи за транзит низ теснецот, тоа би можело да има економски последици и промени во трговските текови“, изјави Мелони пред Долниот дом на парламентот.


„Веќе работиме со коалицијата за Ормутскиот теснец, предводена од Обединетото Кралство и обединувајќи повеќе од 30 земји, за да создадеме безбедносни услови за целосно враќање на слободата на пловидба и снабдување“, додаде таа. Сепак, вицепремиерот Матео Салвини во средата изјави дека Италија нема да испраќа бродови за патролирање во областа без мандат од ОН.

„Кревка перспектива за мир“

Мелони ги осуди сите прекршувања на двонеделниот договор за прекин на огнот договорен меѓу САД и Иран претходно оваа недела. Таа, исто така, го повика Израел да ги запре воените операции во Либан и, и покрај обвинувањата на опозицијата дека е премногу блиска со претседателот Доналд Трамп, го повтори своето противење на одлуката на САД да го нападнат Иран. „Бевме на еден чекор од точката од која нема враќање, но сега имаме кревка перспектива за мир што мора да ја продолжиме со решителност“, рече Мелони.

Можете да прочитате

(Видео) Работник запали магацин во САД: Требаше подобро да нѐ плаќате

Брод со мигранти потона во Ламанш, четири лица загинаа

Иран ги предупредува САД: Не можете да имае прекин на огнот, а вашиот сојузник да прави масакр