Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска пристигна во Киев како дел делегацијата на одбележувањето на втората годишнина од руската инвазија на Украина. Покрај Мелони во Киев пристигна и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, канадскиот премиер Џастин Трудо и белгискиот премиер Александар де Кро. За руската инвазија на Украина, Мелони посочи дека го осоколила и нападот на Хамас на 7 октомври врз јужните делови на Израел. „Доколку Русија не ја нападнеше Украина, Хамас веројатно немаше да изврши таков напад врз Израел. Би било неизбежно вакво сериозно кршење на меѓународниот систем заснован на закон, згора на тоа, од постојаните членки на Советот за безбедност на ОН, да има каскадни последици врз другите области во светот – од Блискиот Исток, Балканот до Африка“, рече таа. „Ова е игра што ја играме и мора да бидеме свесни за тоа. Ако не се воспостави меѓународна законитост во Украина, конфликтите ќе се намножат“, додаде Мелони. Исто така, по повод втората годишнина од војната во Украина, таа рече дека Западот мора да продолжи со поддршката за Киев. „Да, Италија, Европа и Западот мора да продолжат да бидат на страната на Киев. Одбраната на Украина не значи сакање војна, туку сосема спротивно. Тоа значи спречување војна, заштита на нашиот национален интерес. Никој, пред се, ние Европејците не сакаме свет во кој владее хаос, а не владеење на правото“, рече премиерката на Италија.