Утрински Весник
Магазин

Меленото месо може да се чува замрзнато два до три месеци

IMG

Купеното свежо мелено месо може да стои во обичен ладилник еден ден – најмногу два, па најдобро би било, доколку не се користи веднаш, да се замрзне. Но, колку долго тоа месо може да остане во замрзнувач?

Вообичаено, меленото месо е говедско, но може да биде и свинско, телешко, јагнешко, пилешко месо… Ако е термички обработено и правилно складирано, меленото месо може да стои замрзнато во фрижидер два до три месеци и вкусот нема да се промени многу.

Исто така, важно е како е спакувано месото. Доколку е во оригиналното пакување, може да се чува до две недели, а доколку намерата е да се чува подолго од тоа, би било добро пакувањето да се завитка во фолија или во ќесе за замрзнување.

Губењето на влагата е една од главните причини зошто меленото месо го губи вкусот по подолго време, појаснува Американската управа за храна и земјоделство во САД. Според сѐ, меленото месо не може да остане во замрзнувач засекогаш.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 18 март 2026

Владо Георгиев го одложи концертот во Скопје поради трагедијата во Кочани

Млада Месечина во Риби на 18 март