Утрински Весник
Свет

Меланија Трамп негира врски со Епстин, обвинувањата ги нарече клевети

20260409214453 big 730x400 27.webp.webp

Првата дама на САД Меланија Трамп вчера негираше каква било поврзаност со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин и какво било знаење за неговите кривични дела, оценувајќи дека обвинувањата се „целосно невистинити“.

Во изјава од Белата куќа, таа ги отфрли тврдењата на интернет дека на некаков начин била поврзана со Епстин, нарекувајќи ги „клевети“.


– Лагите што ме поврзуваат со посрамотениот Џефри Епстин мора да завршат денеска. Луѓето што лажат за мене се лишени од етички стандарди, понизност и почит. Не се противам на нивното незнаење, туку ги отфрлам нивните злонамерни обиди да ја нарушат мојата репутација – изјави Меланија Трамп.

Во вонредното обраќање, таа повторно ги негираше сите врски со Епстин и додаде: Моите адвокати и јас успешно се боревме против овие неосновани и бесмислени лаги.

Првата дама, истовремено, го повика Конгресот да одржи јавно сослушување на жртвите на Епстин, со можност тие да сведочат пред пратениците и нивните приказни да бидат внесени во конгресниот записник.

– Секоја жена треба да има можност јавно да ја раскаже својата приказна, доколку тоа го сака –  рече таа. „Тогаш, и само тогаш, ќе ја дознаеме вистината“. 

Можете да прочитате

Турција: НАТО е одбранбен сојуз и не мора да интервенира во Ормускиот теснец

Зеленски: Украина ќе го почитува велигденското примирје

Саудиска Арабија со намален капацитет за производство на нафта за околу 600.000 барели дневно