Утрински Весник
Свет

Меланија Трамп лансира сопствена криптовалута

Melanija Tramp.jpg

Наскоро и официјално повторно прва дама на САД, Меланија Трамп лансираше сопствена криптовалута пред инаугурацијата на нејзиниот сопруг Доналд Трамп, пишува Би-би-си.

Соопштението дојде еден ден откако новоизбраниот претседател Доналд Трамп ја претстави криптовалутата $Trump. И двете валути бележат раст, но и драстични подеми и падови.


„Сега можете да купите $MELANIA“, објави Меланија вчера на „Икс“.

Веб-страницата Official Melania Meme наведува дека $Melania може да се следи на блокчејнот Solana. Исто така се наведува дека $Trump и $Melania не се наменети како можност за инвестирање и не се сметаат за хартии од вредност. Според податоците од веб-страницата CoinMarketCap, $Trump моментално има вкупна пазарна вредност од околу 8,7 милијарди долари, додека $Melania вреди околу 1,3 милијарди долари.

Можете да прочитате

Катарскиот премиер Ал-Тани го обезбедил договорот за прекин на огнот меѓу Техеран и Тел Авив на предлог на САД

Арагчи: Доколку Израел ја запре агресијата, Иран нема да одговори со напади

Тројца мртви во иранските напади врз Израел пред најавениот почеток на прекинот на огнот